Претставени се членовите на жири комисијата на второто издание на БЕАМ – Фестивалот на најдобрите настани.
Исто како и минатата година, нашиот приоритет е да овозможиме објективна, стручна и фер евалуација на пристигнатите апликации. При изборот на членовите на жирито се водевме од неколку основни принципи, а тоа се познавање или работа во индустријата, висока естетика и личен интегритет. Ги задржуваме јасните критериуми за оценување и правилата за работа на комисијата. – велат од БЕАМ.

Бројот на пријавите се зголемува секојдневно а комисијата ќе има одговорна, но и многу креативна задача!
Искоритете ја можноста за рана пријава до 29 јануари и пријавете го Вашиот настан на beamfestival.mk