Филмовите „Недела“, „Сенката на Караваџо“ и „Бедни нешта“ во 3Д Кино Битола

Оваа недела во 3Д Кино Битола ќе бидат прикажани филмовите „Недела“, „Сенката на Караваџо“ и „Бедни нешта“.

Филмот „Бедни нешта“ е во режија на Јоргос Лантимос, а главните улоги ги толкуваат  Ема Стоун, Марк Рофало, Вилем Дефо, Реми Јусеф, Кристофер Абот и Џерод Кармајкл.

„Сенката на Караваџо“ – Караваџо е еден од најбрилијантните сликари на своето време, но и бунтовник против одлуките на црквата. Откако бил информиран дека делото прикажува проститутки, крадци и скитници, папата Павле V ѝ наредува на Тајната служба на Ватикан да го истражи уметникот. 

Филмот „Недела“ го следи животот на еден од омилените пејачи на овие простори, Џеј Рамадановски. Инспириран од вистински настани, ја раскажува приказната за Џеј од најраната младост до големиот успех што го оствари. 

Неделен репертоар:

Проекции на филмот „Недела“: