На својата конститутивна седница комисијата за доделување на наградата „Роман на годината“ за 2023 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, констатираше дека на годинашниот конкурс пристигнале 35 романи.
Комисијата, во состав Влада Урошевиќ (минатогодишен лауреат и претседател на жирито), Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огњановски и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата), констатираше дека овогодишната конкуренција е составена од различни жанрови и дека процесот за избор на најдобро дело нема да биде воопшто лесен.
Комисијата и годинава ќе направи неколку селекции на пристигнатите романи, а селектираните романи јавно ќе бидат објавени. Комисијата е должна да го соопшти името на добитникот до 15 март.
Список на пристигнати дела за „Роман на годината“ за 2023 година:
- „Не кажувам“, Петар Андоновски, „Полица“
- „Мина“, Игор Анѓелков, „Или-или“
- „Скитачот“, Матеј Богдановски, самостојно издание
- „Единствен матичен број“, Лидија Димковска, „Три“
- „Писма од лудница“, Срѓан Ивановиќ, „Арс Либрис“
- „Силуваната невеста“, Томе Илиевски, самостојно издание
- „Цик-цак, ку-ку“, Жан Илиески, „Антолог“
- „Есента во животот на професорот по марксизам“, Моџо Килингтон, „Арс Либрис“
- „Среќните луѓе не слават родендени“, Сашо Кокаланов, „Или-или“
- „Илина и шумските тролови“, Хана Корнети, „Или-или“
- „Зборови“, Јордан Коцевски, „Антолог“
- „Последна шанса за втора клапа: сценариото на немиот сведок“, Кристина Краличин, „ИД – Концепт консалтинг и дизајн“
- „Савески“, Анастасија Лефкоска, НУ Центар за култура „АСНОМ“ – Гостивар
- „Гени, мени, сени: (потеклото на бабите)“, Владимир Лукаш, „Супрема издателство“
- „Отуѓување“, Ѓорѓи Мешков, самостојно издание
- „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“, Блаже Миневски, „Матица македонска“
- „Бигор шарпланинецот: приказни за пријателството и за храброста“, Ферид Мухиќ, „Три“
- „Последната мисла во универзумот. Апокалипса“, Валентин Нешовски, „Антолог“
- „Тишина“, Јелена Никодиноска Чаповска, „Паблишер“
- „Заборав“, Томислав Османли, „ВиГ Зеница“
- „Ѓаволот има убаво лице“, Дора П., „Матица македонска“
- „Сѐ уште можам нешто да сторам“, Фросина Пармаковска, „Или-или“
- „Мртва коска“, Димче Парталоски, „Арс Либрис“
- „Излегувањето од сенка: тајното женско училиште“, Дијана Петрова, „Антолог“
- „Издигнување“, Игор Раиден, „Темплум“
- „Варшавската срна: трите љубови на Марија Склодовска Кири“, Мимоза Ристова, „Арс Либрис“
- „Живот без сведоци“, Наташа Сарџоска, „Три“
- „Пеперуга“, Мирјанка Селчанец, „Академска мисла“
- „Зелениот дворец“, Сибо, „Арс Либрис“
- „Ронлива“, Милена Сиљаноска, „Три“
- „Полиглот“, Игор Станојоски, „Муза“
- „Бела Сама“, Виолета Танчева-Златева, „Три“
- „Рок на траење“, Марија Трифуновска Тасеска, „Восток“
- „Туѓинци и браќа“, Ивица Челиковиќ, „Паблишер“
- „Succubus“, Катерина Шошко, „Антолог“
Наградата „Роман на годината“, која е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија, а чиј генерален спонзор е „Комерцијална банка“ АД Скопје, годинава ќе биде доделена по јубилеен 25-ти пат. Наградата се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.