Ново издание на шоуто „Глумците пеат“ во Национална опера и Балет

По неодамнешното возобнување на шоуто „Глумците пеат“, по скорешниот настап во зимскиот центар во Маврово сега се најавува уште едно издание на ова популарно шоу. Тематска вечер со одлична забава, многу музика и смеа ќе има на 29-ти март во Националната опера и Балет во Скопје.

Режисер е Дејан Пројковски, диригент е Љупчо Мирковски а настапуваат многу македонски актери како: Марина Поп Панкова, Горан Трифуновски, Маја Андновска – Илијевси, Бојан Стојков, Исидор Јовановски, Нина Елзесер, Слаѓана Вујошевиќ, Весна Петрушевска, Билјана Драгичевиќ Пројковска, Гордана Ендровска, Рубенс Муратовски и многу други.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба од 10-ти јануари во 13 часот на bileti.mk.