На денешен ден почина познатата македонска актерка Нада Гешоска

Нада Гешоска е родена на 24 мај 1930 година во Прилеп. Таа беше позната македонска, драмска и филмска актерка.

Кариерата ја започнала во Народниот театар во Прилеп во 1951 година. Била член на Драмата на МНТ во период од 1958 до 1964 година, а потоа се приклучува на Драмски театар во Скопје (1964-1984). Реализира повеќе значајни улоги во дела од домашни и странски автори.

Позната е по нејзините улоги како Магда во „Пат во злостор“, Елена Андреевна во „Вујко Вања“, Маша во „Галеб“, Мајката во „Крвава свадба“, Хекуба во „Тројанки“, Меланија во „Егор Буличов“, Евдокија во „Преку езерото“, Паца во „Македонскиот дел од пеколот“ и други.

Добитничка е на повеќе награди, меѓу кои ги издвојуваме:

  • Награда „13-ти ноември“ (1967)
  • Награда за актерско остварување за улогата на „Султана“ во претставата „Лет во место“ на театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп (1982)
  • Награда „11-ти октомври“ (1982)
  • Награда „Златна колајна“ на фестивалот за монодрама и пантомима – Земун за монодрамата „Учителката“ (1985)
  • Награда за животно дело „Војдан Чернодрински“ (1996)

Нада Гешоска почина на 6 јануари 2003 година, на седумдесет и три годишна возраст.