Награда „Григор Прличев“ за најдобра поема во 2023 година

НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид соопштува дека добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема во 2023 година е авторот или авторката на поемата „Денес“, пријавена под шифра „Сенед“. Одлуката едногласно ја донесе комисија во состав Милован Стефановски – претседател и Елизабета Шелева и Иван Додовски – членови.

Од вкупно седум пријавени ракописи, комисијата ги издвои во потесен круг поемите: „Денес“ (пријавена под шифра „Сенед“), „Одблесок“ (пријавена под шифра „Еригон“) и „Армагедон – големиот суден ден“ (пријавена под шифра „Валтер“).