Драмски театар ја заокружува 2023 година со премиерата на „Падот на Масада“

Со премиерата на претставата „Падот на Масада“ на Драмски театар се заокружува
програмата за 2023 година. Премиерата „Падот на Масада“ ја режираше режисерот Дејан Пројковски, на текст на авторот Венко Андоновски а ќе се изведе во четврток на 28 декември.

Улогите ги толкуваат актерите на ансамблот при Драмски театар Скопје: Јелена Жугиќ,
Емилија Мицевска, Филип Трајковиќ, Рубенс Муратовски и Александар Степанулески. Автор на музиката на претставата е Горан Трајковски, поранешен член на „Мизар“.