Промовирана сликовницата „Страшило“ од Славко Јаневски и Наташа Андонова

Во рамките на Малиот новогодишен Темплум саем кој годинава за првпат ќе се одвива во културниот центар „Бруталиск” се одржуваат изложба и промоција на сликовницата „Страшило” од Славко Јаневски и Наташа Андонова.

Страшило е расказ од збирката „Марсовци и глувци” првпат објавена 1959 година. Тоа е еден од најубавите раскази во македонската книжевност, пред сѐ поради чудесновишниот спој на билното, животинското и човечкото (артифициелното). Големото писателово познавање и љубовта спрема животните и билките овде како да доживуваат кулминација, вплетени во цртежите на извонредната сликарка и илустраторка Наташа Андонова. Вдахновено и умешно Андонова ја долувува возбудливата приказна, патем успевајќи да го долови и духот на Славко Јаневски, токму во спојот меѓу растенијата и животните, меѓу уметноста (страшилото) и природата. Овој расказ за мали и големи деца, лиричен и духовит, реалистичен и фантастичен, истовремено е бајка, басна, фантазија и современа еколошка приказна. А оваа сликовница, како што треба, токму е благороден спој меѓу поттикнувачки зборови и живи слики.

Ф.Е.