Во просториите на Европска куќа Скопје се одржа промоцијата на „Збирка аудиодрами од Горан Стефановски“.
На постојната платформа за аудиокниги „Самоглас“, додадени се аудиодрамите „Гоце“, „Дупло дно“ и „Диво месо“. Ова е нова категорија што го збогатува постојниот каталог и ги промовира радиодрамите како еден речиси заборавен медиум. На аудиодрамите работеа актери и режисери кои дадоа нови решенија за драмите на Горан Стефановски, а во воведните делови гласот го позајми Игор Стефановски, кој преку Здружението на граѓани за зачувување и промоција на културното наследство на Горан Стефановски ги овозможи авторските права.


Ова е одличен начин да се приближи творештвото на Горан Стефановски и да се освежи македонскиот медиумски интернет-простор. Творештвото на Горан Стефановски претставува бескрајна инспирација за сите генерации. Тој е еден од најзначајните писатели на македонската драма, чии драми ја отсликуваат самата срж на македонскиот живот и дух!
Преку проект поддржан од ЕУ платформата за аудио книги Самоглас која ангажираше млади актери и режисери со кои ги изработија аудиодрамите „Гоце“, „Дупло дно“ и „Диво месо“ од Горан Стефановски.
Секој може да ги слушне аудиодрамите преку креирање на кориснички профил на веб платформата или мобилната апликација на Самоглас која e достапна на Google Play, App Store и Huawei Gallery. Регистрацијата е бесплатна!
Ф.Е.