Предновогодишен концерт со најдобрите македонски хитови во Струмица!

На 28-ти декември 2023 година, Струмица е домаќин на незаборавен концерт со Камерен оркестар на Битола. Публиката ќе ужива во песните кои ги обележаа нашите генерации, изведени во живо од Камерениот оркестар на Битола, Александра Јанева, Славица Ангелова, Лара Иванова, Ана Петановска и Ристо Самарџиев.

Започнете ја новогодишната магија со звуците на нашата македонска музика. Обезбедете ги вашите влезници на време и подгответе се за незаборавна ноќ полна со магија и музика! Продажни места за овој концерт се: Билетара на НУ Центар за култура „Антон Панов“ и во просториите на Eventum а цена на влезниците е 250 денари.