“Landscape Experience” на Роберт Јанкулоски и Моника Матеска во НУ „Завод и музеј“ – Битола

Минатиот викенд во Битола пристигна изложбата „Landscape Experience” на авторите Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска.Отворањето беше на 16. 12. 2023, во 18 часот во Мала сала на НУ „Завод и Музеј“ – Битола.

Комесар на изложбата е д-р Дита Старова Ќерими, а кураторки се д-р Ана Франговска и д-р Сања Којиќ Младенов.

„Landscape Experience” на Јанкулоски и Мотеска е мултинаративен транстактичен проект кој на критичко-дискурзивен начин укажува на опасностите што демнеат доколку не се преземат сериозни системски чекори за совладување на најголемите предизвици на Антропоценот, кои се и данок на капитализмот и политиките на власт, како неконтролираната злоупотреба на природните ресурси на планетата Земја во форма на безумни војни (експлицитни или имплицитни, реални или психолошки, физички или хемиски) за нечии идеали, во кои жртви сме сите, а најмногу најмалите, невините и идеалистите. Може ли убавото да биде истовремено и подмолно грдо, естетското да стане слуга на злото, но со намера да го изнајде вистинскиот пат за да стане опомена? Сите овие прашања, со преиспитување на тезата за баналноста на злото, се наоѓаат во проектот „Landscape Experience“.­

Меѓу другото, оваа изложба беше македонски претставник на 59то Венециско биенале на уметноста во 2022 година.

Како што и самиот автор на отварањето напомена, изложбата “Landscape Experience” во Македонија, покрај во Скопје е поставена само во Битола а следна дестинација ќе и биде Нови Сад, Република Србија.

Л.Т

Фотографии: Диоген Хаџи-Коста Милевски