Игор Џамбазов & Гуру Харе бенд – Центар за култура Битола

На 15 декември во Центарот за култура Битола се одржа концертот на Игор Џамбазов и Гуру Харе. Публиката од различна возраст уживаше во познатите блуз хитови на познатиот актер, текстописец, музичар и шоумен.

Посебно ми е драго што вечерва свирам во Битола. Битола е град на најголемите македонски музички великани, а битолската публика е незаменлива! – рече тој и додаде:

“Оваа вечер пејам за татко ми Џамбаз кој пред скоро две години го напушти овој свет.”

Беше изведена и преработката на “Жаклина” од битолчанецот Цане Николовски и групата Елита како и народниот евергрин “Ако умрам ил загинам” од легендарниот Јонче Христовски на кој Игор му изрази пиетет, а публиката го поздрави со громогласен аплауз.

Л.Т.

Фотографии: Диоген Хаџи-Коста Милевски

DEO_8070
DEO_7972
DEO_8049
DEO_8077
DEO_8118
DEO_8394
DEO_8155
DEO_8244
DEO_8249
DEO_8148
DEO_8255
DEO_8191
DEO_8281
DEO_8271
DEO_8368
DEO_8276
DEO_8173
DEO_8431
DEO_8451