Новиот музички проект на Каролина Гочева, песната ,,Дај на сунце’’, проследена со видео спот, наменета за целиот регионален маркет. Песната имаше радиска премиера на српското Naxi радио а телевизиска премиера на BHRTV во БиХ.
Позади песната стои Дино Мухаремовиќ, автор на неколку легендарни песни, како ,,Додирни ме случајно” од Масимо Савиќ, додека аранжманот е на Дино Шукало, гитарист во бендот на Дино Мерлин и познат сараевски студиски музичар, аранжер и композитор.
Песната е снимена во Сараево, во неговото студиото Модра Ријека во месец октомври, а видео спотот е дело на Миомир Милиќ.