„Лавиринтот“ на репертоарот на охридскиот театар

На репертоарот е последната премиера на Народен Театар – Охрид од оваа календарска година „Лавиринтот“ од Димо Дешев, во режија на Ѓорѓи Ризески, во сабота 16.12.2023 година, почеток 20.00 часот, цена на картите е 200 денари.

Играат: Ивица Цонев и Марко Богдановски. Композитор е Алмир Бајрамоски, инспициент: Филип Ангеличин – Жура, дизајн на светло: Борис Велјаниоски.

Во претставата се користат пиротехнички средства и препорачана возраст е 16+ години.