„Рано моја мила“ – нова песна и спот на Јелена Томашевиќ

Јелена Томашевиќ објави нова песна „Рано моја мила“ и спот кој е создаден во посебен момент. Музиката и текстот на песната „Рано моја мила“ се напишани од Горан Ковачиќ, а аранжманот е на Махир Сарихоџиќ. Ова авторско дуо веќе стои зад големите хитови на регионалната музика, но оваа песна по многу нешта е различна и носи сосема нова Јелена Томашевиќ – уште поемотивна и посензуална.

Спотот е дело на познатиот Милош Надаждин, а локацијата на одморалиштето Портонови била инспирација за Милош и Јелена да „уловат“ посебен момент и да направат едно од нејзините најубави видеа досега.

„Во моментот кога пристигнавме во Портонови, почна бурата и ветерот, кои само ја истакнаа емоцијата на песната. Костимот, шминката и фризурата ја следат комплетната атмосфера, а Милош Надаждин, како мој долгогодишен соработник и пријател, секогаш знае како да го извлечам најдоброто од мене и да ме натера да излезам од мојата комфорна зона. Верувам дека оваа песна ќе допре до сечие срце.“ – вели Јелена.

Новиот сингл на Јелена е објавен во пресрет на излегувањето на нејзиниот нов албум кој ќе пристигне во февруари.