Легендарниот Dr. Packer со ремикс на песна од Четкар

Легендарниот Австралиски диџеј – продуцент Dr. Packer направи ремикс на песна од Владимир Четкар или поконкретно на неговата авторска композиција ‘Time Goes By’ која беше издадена на вториот студиски албум на македонскиот музички артист (гитарист, вокалист, композитор, аранжер, продуцент и изведувач).

Овај ремикс наредните недела дена ќе биде во ексклузивна продажба на Traxsource а потоа ќе се најде во продажба на сите дигитални музички платформи. Авторската музика на Четкар отсекогаш била мета на интерес на некој од најголемите светски диџеи и продуценти меѓу кој и легендарниот Димитри Фром Париз кој во минатото направи ремикс на песната ‘Heavenly’.

Во наредниот перод следуваат повеќе ремикс изданија на музиката на Четкар ширум светот од повеќе познати имиња и музички куќи што е навистина уникатен и редок успех за  еден комплетен музички автор и изведувач од Македонија и Балканот.

Моментално Четкар е во САД каде што го снима новиот студиски албум и истовремено е на концертна турнеја. Наредните концерти ќе ги одржи во Њујорк на 15 Декември во Chelsea Table and Stage, Кливленд на 12 Јануари во Bop Stop, Колумбус на 13 Јануари во Natalie’s Grandview, Сан Франциско на 24 Јануари во Black Cat Jazz Club и Детроит на 27 Јануари во Aretha Jazz Cafe at the Music Hall.

Легендарниот Австралиски диџеј – продуцент Dr. Packer направи ремикс на песна од Владимир Четкар или поконкретно на неговата авторска композиција ‘Time Goes By’ која беше издадена на вториот студиски албум на македонскиот музички артист (гитарист, вокалист, композитор, аранжер, продуцент и изведувач).

Овај ремикс наредните недела дена ќе биде во ексклузивна продажба на Traxsource а потоа ќе се најде во продажба на сите дигитални музички платформи.

https://www.traxsource.com/track/11595938/time-goes-by-dr-packer-remix

Авторската музика на Четкар отсекогаш била мета на интерес на некој од најголемите светски диџеи и продуценти меѓу кој и легендарниот Димитри Фром Париз кој во минатото направи ремикс на песната ‘Heavenly’.

Во наредниот перод следуваат повеќе ремикс изданија на музиката на Четкар ширум светот од повеќе познати имиња и музички куќи што е навистина уникатен и редок успех за  еден комплетен музички автор и изведувач од Македонија и Балканот.

Моментално Четкар е во САД каде што го снима новиот студиски албум и истовремено е на концертна турнеја.

Наредните концерти ќе ги одржи во Њујорк на 15 Декември во Chelsea Table and Stage, Кливленд на 12 Јануари во Bop Stop, Колумбус на 13 Јануари во Natalie’s Grandview, Сан Франциско на 24 Јануари во Black Cat Jazz Club и Детроит на 27 Јануари во Aretha Jazz Cafe at the Music Hall.