Закажан 5-ти и последен концерт на Владо Јаневски во Филхармонија

После трите распродадени концерти одржани во Македонска филхармонија во ноември (кои ќе останат запаметени како едни од најеуфоричните концерти одржани во салата), како и распродавањето и на четвртиот концерт закажан на 26-ти јануари, серијалот ,,Златни години – Најдоброто од Владо Јаневски” завршува дефинитивно со петти концерт, на 27-ми јануари во Македонска филхармонија!

Иако интересот навистина е толку голем да веројатно може да има и повеќе концерти, дефинитивно решивме да запреме на бројката 5 – бидејќи цело е кога име 5! – велат од Авалон продукција.

27-ми јануари е последна шанса да се гледа Владо Јаневски заедно со неговиот многуброен бенд, во дефинитивно најубавата и најинтимната сала во Македонија – Македонска филхармонија со неверојатни три часа свирење и пеење на најголемите хитови од неговата богата кариера. Влезниците за петтиот и последен концерт на Владо Јаневски ќе бидат во продажба од понеделник (11-ти декември) онлајн на ticketx.mk и ширум продажната мрежа на ticketx низ Македонија!