Премиера на претставата „Поткровје“ во МНТ

На малата сцена во Македонскиот народен театар на 9 декември, со почеток во 20:00 часот, премиерно ќе биде одиграна претставата „Поткровје” според „Цената” на Артур Милер, а во режија на Александар Ивановски. Според режисерот Ивановски „Се е прашање на гледна точка, и ако не можете да ја разберете гледната точка тогаш невозможно е да ја разберете цената.”

Поткровје е претстава која ја истражува цената на одлуките, одговорноста која ја имаме кон себе и кон семејството, и вината со која живееме поради изборите што сме ги направиле. Во претставата играат: Томислав Давидовски, Елена Кузманов, Горан Ников и Хари Михајловски. Како креативни соработници се потпишуваат сценографот Ненад Тонкин и дизајнерот на плакатот Тео К. Атанасовски. Преводот го направи Марио Стојаноски. Следната изведба ќе биде закажана во текот на месец јануари 2024 г. Билетите ќе бидат достапни онлајн преку веб-страницата http://www.mnt.mk како и на билетарницата во МНТ.