Изведба на „Кармина Бурана“ од Карл Орф на 7 декември во Националната опера и балет

На сцената на Националната опера и балет на 7 декември 2023, со почеток во 20 часот, концертно ќе се изведе моќната „Кармина Бурана“ од германскиот композитор Карл Орф. Публиката ќе може да дојде и да ужива на средба со страста, љубовта и животните радости, како и вечниот сон за среќата, владетелка на светот.

Диригент е Иван Еминовиќ, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, а хор-мајстор е Јасмина Ѓорѓеска.

Настапуваат: Наде Талевска, сопран; Васко Здравков, баритон и Нико Ѓоргиевски, контратенор заедно со хорот и оркестарот на Националната опера и Балет.

Слушањето на моќната „Кармина Бурана“ е секогаш посебно искуство и со години го привлекува вниманието на многубројната публика, која постојано ја бара на тековниот репертоар.