Втор концерт на „Галија“ во Македонска филхармонија

Доказ дека за некои работи вреди да се чека точно 30 години е фактот што никогаш одржаниот концерт на Галија во Скопје се претвори во два одржани.

Поради навистина брзото распродавање на првиот концерт и реално огромниот интерес за влезници, Авалон продукција закажа и втор концерт, и тоа на 16-ти декември (сабота), со почеток во 20 часот, за

сите оние од цела Македонија кои сакаат да ја видат „Галија“ во полн состав, со сите нивни хитови, акустично во Македoнска филхармонија!

Влезниците се достапни веднаш на https://ticketx.mk, а ќе бидат достапни и во сите продажни места од мрежата на ticketx низ Македонија од утре (21-ви ноември) наутро!