Комеморација за Мето Јовановски на 21-ви ноември во Драмски театар

Драмски театар – Скопје известува дека комеморацијата за актерот Мето Јовановски ќе се одржи во вторник на 21-ви ноември во 11 часот на големата сцена на театарот.

Посмртните останки на Мето Јовановски ќе бидат изложени во капелата на гробиштата Бутел во понеделник на 20-ти ноември во 11 часот.