Премиера на театарската претстава за деца „Црвенкапа и шумскиот судија“

Во понеделник, на 13-ти ноември, од 19 часот, Театарот при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ – Кавадарци, премиерно ќе ја одигра претставата за деца „Црвенкапа и шумскиот судија“, работена по мотиви на Браќата Грим, а по текст и во режија на Микица Илова.

Претставата е во рамките на „Месец на театарот/Театар, имагинација, реалност“.
Во претставата играат: Марија Јосифовска, Сашко Орешков, Елена Илиева, Ристе Стојанов, Валерија Пашова, Стефанија Јованова.

Црвенкапа повторно има проблеми. Вообичаената приказна денес има нови моменти. Кој е виновникот? Ајде заедно да откриеме.“